По дво месечната пауза повторно се тркала “бубамарата“. На осумте натпревари во вторлигашкото друшто, три единици, три двојка и две нули.

Мрежите се тресеа 18 пати,а единствено Поповски од Скопје на двапати беше прецизен. Десет пати прецизни беа гостите, додека само осум домашните.

Највисоката победа 1-4 ја извојува Алумина на гостувањето кај Вардар(Н). На два натпревари краен резултат беше 1-0, Атај за Охрид и Пандев за Турново беа доволни за победи против Брегалница односно Локомотива.

На клупата на струшки Караорман, успешно дебитираше Ниноски, со најчестиот резултат на мечевите во првото коло од продолжението, 2-1. Единствениот натпревар на кој немаше погодоци го одиграа Слога ј – Беласица.

Фудбалерите пожолтеа во дваесет и два наврати, а единствено поцрвене Спахиу кај Влазрими.

На врвот од табелата по ова коло останува Миравци со 35 бода, со еден помалку на втората и третата позција се Металург и Турново, местото кое води во баражот го чува Скопје со 33 бода. Со 20 поени, четири повеќе од местата кои водат во понизок ранг се охридските “сини“, додека пред Ниноски и Караорман следува долга битка за опстанок во второлигашката компанија.

[email protected]