Анализа на Би Би Си – Светот тоне во длабока криза
09.07.08 00:07
Светската рецесија зема се поголем замаф и во Америка, државата од каде потекна. Покрај рекордниот пад на индексот на берзата во Њујорк, според Би Би Си, илајдници Американци деновиве ги губат своите работни места во автомобилската индустрија која бележи рекорди во падот на продажбата на автомобили. Така рекорден пат во својата историја забележал Џенерал Моторс кој остварил пад од 18 %, додека Форд и останатите забележале и поголеми падови од Џенерал Моторс.
Би Би Си јави и дека синџирот кафетерии Старбакс ќе затворат повеќе од 1 200 кафетерии низ Северна Америка заради пад на прометот, а истовремено Планет Холивуд соопштил дека работи со загуба што ќе резултира со намалување на работните места, а слични мерки според Би Би Си разгледувале и другите синџири за услуги и брза храна низ цела Америка што ќе продуцира армија луѓе кои во налетот на се подлабоката рецесија ги изгубиле работните места.
Аналитичарите за оваа светска радио и телевизиска мрежа, ја анализираат и светската криза со хипотекарните кредити која е најдрастична во Америка каде банките веќе и не ги реализирале хипотеките бидејќи немало на кого да ги продаваат недвижностите. Според аналитичарите пазарот на недвижности во САД е во целосен застој, а единствено се тргува со парцели за градба блиску до центрите на градовите и со недвижности од луксузен карактер, додека трговијата со просечните куќи целосно е стагнирана. Од тие причини повеќето банки бараат други методи да ги наплатат кредитите преку преговори со задолжените клиенти низ кои банките се обидуваат преку дополнителни поволности да ги наплатат побарувањата.
Економските аналитичари во освртот на Би Би Си го анализираат и потегот на Саудиска Арабија која соопшти дека нема да го зголеми дневното производството на нафта, а анализите говорат дека цената на барел сирова нафта до крајот на летово ќе достигне цена од 170 долари што дополнително ќе ја погоди светската економија, а црните сценарија за цената на енергијата од ден на ден се повеќе се реализираат па така скоро сите балкански држави ја зголемија цената на електричната енергија од 10 до 20 %.
Во анализата се вели дека цените на енергијата и храната никогаш повеќе или барем во догледна иднина на денес живите генерации нема да бидат исти или помали. Како главни причини за рапидниот раст на цените на храта и енергијата аналитичарите ги посочуваат глобалните климатски промени, економскиот раст и зголемувањето на градското население во Кина и Индија кои за своите потреби последниве години повлекуваат се поголеми количини енергија и храна на светскиот пазар.
Продолжија активности за асфалтирање на пристапни патеки и краци од улици кои се одвиваат во Велгошти Пред почетокот на новогодишните празници се асфалтира поголемиот дел кој е предвиден со овој до...
Канти за селекција на органски отпад, кој е клучен во процесот на компостирањето, доби ЈП Градски Пазар како донација во рамки на проектот „Процес на компостирање за одржливост“ кој го спроведува в...
Проектот „Безбеден град“ е еден од приоритетите на МВР, истакна денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одговарајќи на новинарско прашање за почетокот на имплементацијата на надградб...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.