Изминативе денови топ вести на сите интернет портали беа случувањата со годинешната летна сезона во Охрид.
Се дебатираше, се коментираше наголемо по социјалните мрежи, а не се штедеа ни навредливи збориви на релација скопјани-охриѓани. Се бараа виновници за намалената посетеност во Охрид, оваа сезона, а најчесто прстот беше вперен кон медиумите и на граѓаните од Скопје.
Најчеста дестинација со која се споредуваше Охрид беше Грција. Главни причини за лошата туристичка сезона во Охрид беа наведувани високите цени, за кои пак се сметаше дека во Грција се многу пониски, и негостопримливоста на охриѓани и нељубезноста на охридските угостители..
Да почнеме со ред. На прво место ги ставаме цените, кои охриѓани викаат дека се во ред и има цени за сечиј џеб, додека остатокот од граѓаните во земјава велат дека тие се превисоки.
Да направиме мала анализа на цените во Грција и во Охрид, за еден скромен одмор.
Во Грција, на пример, десет дена летување за четиричлено семејство, наоѓаат апатрман за 100 евра. Одиме понатаму, 10 дена, секој ден по 3 оброци, добиваме 30 оброци. Секој оброк нека го чини тоа семејство по најмалку 5 евра, доаѓаме до сума од 150 евра само за храна. Да ставиме уште 150 евра за превоз и други попатни работни, добиваме вкупна сума од 400 евра за цело семејство, за десет дена, во Грција.
За летување во Охрид, готвејќи најевтино, исто ќе чинат оброците или 150 евра за десет дена, но многу помалку ќе се потрошат пари за превоз и пропратни трошоци на плажа и слично. Апартманското сместување може да чини исто стотина евра за десет денови, но може да се најде и поевтино………
За цените по рестораните и другите угостителски објекти за исхрана и пијалок не треба да се дискутира. Има различни места, со различни цени. Исто како и кај нашите соседи. Само што угоститеслките услуги во Грција чинат два или три пати повеќе од оние во Охрид. Една пица во ресторан во Грција може да ве чини 10 евра а во Охрид само 4 евра. Една крофна на охридските плажи чини 15 или 20 денари а на грчките плажи 2 евра односно 120 денари…..Во Охрид топче сладолед чини 15 денари а во Грција 2 евра…… Во строг центар во Охрид може да се најде кафе од 40 денари, но може и 100 денари….. се зависи од местоположбата на објектот, квалитетот на услугите, неговата опременост и слично….. а во Грција најевтиното кафе е 1,2 евра односно 80 денари…..
Сепак и во овој случај ќе се најде некој што ќе рече „ќе си додадам уште 50/ 100 евра и ќе си одам на море, па таму ми е гајле ќе си штедам”……”поевтино ми е” ……..па товарат колите со пиперки и патлиџани…..
И после оваа математика,каде на критичарите и грчките крофни им се “поевтини” ….. што мислите колку треба да се намалат цените??? Да се сместуваат и да јадат без пари гостите……. ???
За љубезноста и гостопримливоста, охриѓани ќе треба (тие што се уште не знаат) да го научат она правило „НИКОГАШ НЕМА ВТОРА ШАНСА ЗА ОСТАВАЊЕ НА ПРВ ВПЕЧАТОК“. Од тоа каков ќе биде првиот впечаток зависи дали гостинот повторно ќе се врати во Охрид или не, и дали Охрид ќе го препорача на свои блиски познаници, пријатели, роднини.
За останатите граѓани на Македонија еден апел, да не формираат свој став, свое лошо мислење за Охрид само поради прочитани неколку лоши натписи од страна на медиумите, или само поради едно или повеќе нивни лични лоши искуства.
Да не заборавиме, ОХРИД Е БИСЕР НА БАЛКАНОТ, ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА Е ГОРДА СО ОХРИД.
Автор- Тони Павловски
Студент на факултетот за туризам и угостителство од Охрид
*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.