Македонската фудбалска репрезентација убедливо поразена се врати од гостувањето во Русија. Не само што не успеаа да не зарадуваат , туку ни приредија уште едно фрустричко пополадне покрај малите екрани. Македноскиот синдром, македонскта маленкост,слабата самодоверба уште еднаш испливаа на површината.
Никој не очекуваше подвиг, но сите ние се надеваме ,нели тоа не е забрането. Натпреварот со Русија уште еднаш ни покажа каде припаѓаме, таму некаде во втората половина на ранг листата на ФИФА. Се наоѓаме во серија од 4 порази по ред и по осум одиграни кола останавме на оние 7 освоени бода од првите 4 натпревари .
можеме да побидеме само на тренинг
Во Москва отпатувавме релаксирано, без психолошки оптотварувања, да се надигруваме ,да играме за нашиот рејтинг и скапо да ја продадеме нашата кожа. Со исклучок на релаксираниот лет од Охрид до Москва. Ништо од она другото не се случи .
Македонските фудбалери во најмала рака беа изгубени на теренот. Нашата одбрана потфрли при првиот посериозен притисок и по само 5 мин игра веќе беше 1-0 Русија . Одбраната на чело со капитенот Седлоски заспа, средниот ред никаде го немаше, а јас и не паметам натпревар во кој нашиот двоец во средината Митрески – Шумуликоски одгирал добро. Нешто поактивни по страните беа Лазаревски и Попов .
врти сучи исто ти се фаќа
По сите притисоци со кои се соочи, селекторот Катанец го прекомандува Пандев во самиот шпиц на нападот. Но, уште на пресот Катенец беше препазлив велејки “не е проблемот во тоа шо ке го префрлам Пандев во шпицот ,проблем ке биде тоа дали тој ке добива топки таму во нападот“. Исправна беше неговата претпазливост во овај случај, Тасески кој требаше да ги врзе средината и нападот беше отсутен па Пандев не само што немаше помош од средниот ред немаше помош ни од нападаот каде беше Стојоков.
Но и во ваква наша игра ,русите правеа шанси но никако не успеа да се обезбедат за мирен финиш. Како од небото подадена шанса ва 70 мин. Тасески реагира во манир на голем играч, нововлезниот Мазнов паѓа како покосоен, пенал за Македонија и црвен картон за голманот на русите Голубов. Митрески приоѓа да ја изведе најстрогата казна. Точно концентрацијата му ја нарушува предолгата замена на рускиот голман,но почетнички изведиот пенал е лесен плен за новиот херој Малафеев. И место пресврт и “полковник“ Игор се претвара во “покојник“ . Нозете на нашите им станаа уште потешки ,падот на конценрацијата беше повеќе од очекуван и во таков еден финиш кога се движеа како грогирани боксери епилогот беше јасен .Аршавин и Кержовски ставија печат на рускта доминација.
очај во нападот, очај во одбраната
Имавме шанса но не ја искоритивме нели, изгледа до нас е, а?
Поради жолти картони на следниот квалификациски натпревар со репрезентацијата на Естонија нема да настапат Горан Пандев и Игор Митревски. На нивно место денеска дополнително се повикани Зоран Балдовалиев (ФК Локомотив Софија) и Вулнет Емини ( ФК Ренова).
Мирко Постоловски