Офанзивиниот фудбал е одлика и на ова 7 коло кое помина во знакот на напаѓачите. На деветте одиграни натпревари беа постигнати 32 погодоци од кој 21 постигнаа домаќините а 11 гостите.Шест натпревари завршија со победи на домакините еден натпревар заврши без голови а само два натревари завршија со победи на гостите.
    
Судиите покажа само еден црвен картон и тоа на натпреварот Брегалница – Локомотива кога од игра беше исклучен Димов ,на истиот натпревар беа досудени едиствените пенали.Само еднаш од двата обида прецизен беше Давитков. Три  хет–трика постигнаа напаѓачите и тоа Мижоров од Миравци  во мрежата на Вардар Д. , Гуџуфи во мрежата на Охрид како и Давитков против Локомотива. 

Дербито на колото се играше во Тетово, а Турновци  ги оладија домаќините во 90 мин. нанесувајки им го првиот пораз сезонава, правејќи голем чекор кон обезбедување на едно од местата кое водат во елитата. Без поголеми проблеми лидерот Металург го мина струшки Караорман кој остана во опасната зона. 

По одличниот старт на првенството охридските “сини “ како да го загубија здивот.Убедлив пораз претпреа на Чаир кој треба да биде опомена дека гостувањата во Скопје нема да бидат прошетки.По двете ремија на стартните гостувања, на последните два натпревари надвор на два пати со празна “торба“ се враќаат во Охрид.Шанса да се поправи изгубеното и да се вратат во игра за висок пласман ќе имаат во сабота кога на Билјанини доаѓа лидерот и единствената непоразена екипи скопски Металург .

Илинден уште еднаш покажа дека, никој апсолутно никој не може да смета на бодови во Велмеј.По 300 минути игра Илинденци го примија првиот гол во Велмеј ,благодарение на одличната форма на  капитенот Ѓоршоски се во игра за висок пласман. Во наредното коло гостуваат на вторпласираното  Труново на кое лесно можат да му ја поматат водата.

Ништо попријателски расположен на домашен терен не е ниту Миравци кое има три од три пред своја публика.На натпреварот кој се играше пред празни трибини Брегалница во Штип лесно помина со Локомотива која пак доби второлигашка виза на само три дена пред стартот и борбата за опстанок ке и биде во преден план,исто како и нивните соседи од Карпош, Алумина кои беа поразени од Скопје со 5-1.По двата порази по ред Слога се наоѓа во серија од 3 победи  а вистински тест за гулабите ќе биде натпреварот против Дрита.
 
Натпреварите во наредното 8 коло започнуваат во 15.00 часот.

Мирко Постоловски