Долго и интересно првенство не очекува годинава во Втората фудбалска лига. Ако по денот по утрото се познава тогаш горе -долу се препознаваат екипите кои годинава ќе се борат за прволигашки фудбал.Орото го води трикратниот шампион Слога Југомагнат, која по две мизерни сезони, годинава најавува враќање во елитата. Победите над Беласица 1-5 и Локомотива 0-1 се само потврда за тоа.
По Слога следуваат екипите кои по две одиграни кола немаат пораз.Металург кој во првото коло играше против Илинден 0-0 ,без проблеми ја совлада Беласица со 2-0 , Вардар од Неготино годинава сериозно ја сфати работата па од старт тргна да си ја заврши работата бидејќи, лани останаа во лига само благодарение на проширувањето. Во горниот дел на табелата се и новолигашите Дрита и Нов Милениум како и несудениот прволигаш Тетекс. Кругот се затвора со Охрид кој не скриено највува брз продор до Првата лига каде несомнено му е и местото.
Во средината на табелата се т.н домашни екипи ,кои победуваат дома а губат во гости По воведувањето на двокружниот систем ќе ги снема три за три натпреварите за кој ови екипи беа специјализирани. Во оваа група е Миравци и скопските Локомотива,Маџари Алумина и Скопје .
Во кругот екипи кои треба но не мора да бидат загрижени за својот опстанок се Брегалница и Илинеден кои по две кола имаат по еден бод. Црвеното светло мора да е запалено кај минатогодишниот прволигаш Влазрими ,потоа некогашниот вицешампион Беласица и струшки Караорман
Црна дамка по одиграните две кола е прекинатиот натпревар помеѓу Турново и Скопје кога гостите го нападнале првиот помошник,по што главниот судија Мантев го прекина натпреварот.Бодовите на зелена маса се очекува да ги добие Турново , а каква ке биде казната за Скопје ке дознаеме деновиве .
Во третото коло Охрид и гостува на Алумина, Илинден во Велмеј ќе игра против Вардар (Н) ,Караорман гостува на Тетекс, а дербито на колото се игра на „Чаир“ помеѓу Слога и Металург.
Мирко Постоловски