По две одиграни кола во најелитното клупско натпреварување по две победи забележаа главните фаворити Манчестер Јунјатед,Барселона, Арсенал како и шампионот од 1992 Олимпик а најпријатно изненадување е Укранискиот Шахтјор.
Но и покрај овие победи ова коло ќе остане запаметено по феноменалната партија на Горан Пандев.Секој ден не се игра против Реал Мадрид,а Пандев се потруди и успеа да го запамети тој ден со два погодока. По Панчев и Најдоски од времето на европската титула на Црвена Звезда , Македонија повторно има на кого да се радува ,тоа е ГОРАН ПАНДЕВ .
Пандев го постигнува вториот гол за Лацио
Репризите од минатогодишните четврт финални натпревари со слични сценарија. Манчестер не је повтори голеадата против Рома, но даде еден ама три бода вреден погодок. За бебињата следи двомеч со Динамо по кој ке си обезбедат “пролаз“ во наредната фаза. Рома и Спортинг во директни пресметки ке одлучуваат кој ке презими во ЛШ.
Предводени од “тројцата амигоси “ Каталонците може да се надеваат повторување на 2006 година кога во финалето го совладаа Арсенал со Тери Анри во составот. Полицајцте од Глазгов се најблиску до останатото место а како стојат работите неприкосновениот во францускиот шампионат Лион ке мора да се задоволува со место во уефа купот .
Никој не веруваше во топџиите по заминувањето на лидерот Анри,но Арсен Венгер склопи млада и полетна екипа која сигурно го игра најдопадливиот фудбал во Европа. Прашање е дали ќе може да го повторат успехот од 2006 но и да одат еден чекор погоре, да се качат на европскоиот трон . Шпанската Севиља која два пати досега го освојуваше Уефа купот од втор план ќе ја бара шансата за пробив во наредната фаза .
Ниту шампионот ниту вицешампионот од минатата сезона Милан односно Ливепрул не блескаат во овие две кола.Во групата со Милан Шахтјор е тој кој е во пол позиција по чистите победи против Селтик односно Бенфика.Вистинскиот тест за украинците се наредните две кола кога игра против бранителот на трофејот Милан. Само за потсетување ниту една екипа по формирањето на ваквиот формат во лигата на шампиони не успеала да го одбрани трофејот.
Ако во изминатие сезони формата ов лигата на шампиони го одржуваше Рафа Бенитез на клупата црвените од Енфилд ,сега тој адут во ракавот полека бледнее, еден бод во две кола плус пораз на Енфилд сигурно нема да ги задоволи челниците кои потрошија доста кеш во преодниот рок .
Конечно Челси се опорави по шокот со заминувањето на Мурињо и повторно се врати на победничките патеки. Го повторија минатогодишниот успех повторно совладувајќи ја Валенсија на истиот стадион со истиот резултат. По победата на Шалке во Норвешка повторно се е отворено во овва група .
По поразот на стартот на победнички колосек се вратија и нероазурите кои предводени од најдобриот напаѓач во моментов Златан Ибрахимович го збиршаа Ајндховен на Сан Сиро, како засега стојат работите најголем противник за освојување на првото место им е турскиот Фенербахче. Многу дилеми ќе се разрешат по двомечот со холандскиот ПСВ
Покрај фудбласки имаше и нефудбалски моменти во ова коло. Ригорозна казна го очекува Селтик по влезот и ударот на еден неодговорен гледач на голманот на Милан Дида.
Наредните возбудувања во Лигата на Шампиони се за три недели и тоа 23 и 24 Октомври .