Кошаркарскиот клуб Анадолу Ефес ја освои титулата во Евролигата, победувајќи ја Барселона 86-81, во финалниот натпревар кој се одигра во рамките од завршниот турнир во германскиот град Келн.
За тимот на Анадолу Ефес ова е прв трофеј во клупската историја, а четврто учество на Ф4 турнирите од Евролигата. Финалниот натпревар, завршниот турнир и сезоната ја одбележа Василије Мициќ, кој се закити со сите индивидуални признанија. Тој големиот успех го прослави пеејќи српски хит во друштво на актерот Дарко Периќ.
Going crazy the Serbian way pic.twitter.com/E2GTIdSavx
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) May 30, 2021
Мициќ од следната сезона ќе се пресели во НБА лигата и ќе го засили тимот на Оклахома.
OhridNews