И покрај неодамнешната успешна соработка, уредничката на Вог одбила да присуствува на најисчекуваната славна венчавка. Ана Винтур ја одбила поканата за свадбата на Ким Кардашиан и Кање Вест, само неколку седмици откако ги ставила на наслвоната на своето престижно списание. Извор близок до Ана потврдил дека позната уредничка нема да присусвува на долгоочекуваната венчавка, која ќе се одржи во Фиренца, Италија на 24 мај.
Само еден ден пред венчавката во Париз ќе биде одржана венчавка. Медиумите јавуваат дека Ана пристојно ја одбила поканата на Ким и Кање. Венчавката нема да биде снимена за реалното шоу ‘Keeping Up With Kardashians’, а наводно ни продуцентот на шоуто Рајан Сикрест не добил покана како се би останало во строга тајност.