Охридската тенисерка Ана Стојановска го освои второто место на завршниот Мастерс турнир до 14 години во нашата земја.

Во натпреварот за златен медал, Стојановска претрпе пораз од Маринковиќ која во финалето славеше во два сетови 6-1 односно 6-2.

Втората претставничка од охридскиот тениски клуб Мина Петреска заврши на петтото место.

Во машка конкуренција триумфираше Амар Хусеиновиќ, додека Павел Стевковски не учествуваше на турнирот.

OhridNews