Поранешната тенисерка Ана Курникова наскоро ќе стане нов тренер во реалното шоу “Biggest Loser”, во кое учесниците се натпреваруваат кој повеќе ќе ослаби за три месеци. Убавата русинка го заменила досегашниот тренер Џилијан Михаелс, која им помагала на голем број славни личности во борбата со вишокот килограми.


Ана Курникова за прв пат во ова шоу се појавила во 2010 година кога ги тренирала учесниците да играат тенис. Изјавила дека можете се да постигнете доколку тоа доволно силно го сакате. Рекла дека знае се за дисциплината, силата, кондициониот тренинг и преданоста и дека ќе биде од огромна помош на учесниците во шоуто.