Поранешната тенисерка Ана Курникова одлучила да го продаде својот луксузен дом на Мајами Бич и тоа по цена од 4,9 милиони долари. Некогаш најубавата, и една од најперспетивните тенисерки, очигледно има финансиски потешкотии, поради тоа што се одлучила да ја продаде својата преубава вила.
Ана Курникова куќата ја уредила во медитерански стил, а имотот имал околу 61 илјада метри квадратни. Во вилата на два ката има простор за гости, бизнис простор, неколку гаражи, седум спални соби, осум тоалети, голем отворен базен и уште многу работи. Целиот имот е заграден со високи ѕидови поради приватноста.