Тенисерката Ана Курникова и пејачот Енрике Иглесијас наводно раскинале после 12 години забавување. Споре пишувањата на „Њујорк Пост“, познатиот пар се разделил бидејќи убавата русинка сакала врската да ја круниса со брак.

Но, синот на Хулио Иглесијас не бил спремен на тоа, па од планираната гламурозна венчавка во мај оваа година во Мајами очигледно нема да има ништо. Ана била омажена за рускиот хокеј играч Сергеј Федоров, додека Енрике сеуште ниту една девојка не успеала да го наговори на брак.