Шпанскиот музичар Енрике Иглесијас наводно ќе се венча следната седмица со својата повеќегодишна партнерка, руската тенисерка Ана Курникова. Парот, кој е во врска 12 години, наводно ќе се венча во нивниот дом во Мајами, пренеле британските медиуми.

Добро упатен извор рекол дека Ана долго зборувала за брак, додека Енрике се противел. Според него конечно ќе се венчаат следната седмица. Додал дека на церемонијата ќе присуствуваат Никол Шерцингер, Луис Хамилтон, Џенифер Лопез, Ева Лонгорија, Дејвид и Викторија Бекам и многу други. Курникова со години носи веренички прстен со дијамант во вредност од 3 милиони фунти. Парот не ги коментирал пишувањата на медиумите.