Енрике Иглесиас е девет години во врска со тенисерката Ана Курникова. Шпанскиот пејач и поранешната тенисерка наводно ова лето ќе станат родители. Енрике со русинката се запознал 2001 година на снимањето на спотот за неговата песна „Escape“.
За време на нивната долга врска повеќе пати веќе се пишувало дека парот е верен, па дури и дека потајно се венчале. Веста за бременоста наводно ја соопштиле група пријатели блиски на парот. Енрике и Ана веста ниту ја потврдиле ниту ја демантирале. Енрике неодамна изјавил дека ја обожава својата работа, но и дека семејството му е најважна работа во животот.