Фотографот Џон Русо објавил секси фотографии на Ана Ивановиќ во бикини. Убавата српска тенисерка, која оваа седмица заслужено се вратила меѓу најдобрите десет на светот, позирала за колумбиското издание на списанието „Есквајер“, а едиторијалот го снимал познатиот фотограф Џон Русо.

„Никогаш доста од Ана Ивановиќ“, напишал Русо покрај фотографијата која ја објавил на својот Инстаграм, а кои во списанието се објавени во рамките на рубриката „Жените кои ги сакаме“. Фотографиите на Ана во бикини се само продолжение на понеделничката приказна, кога тенисерката не изненади со секси фотографија на својот Инстаграм.