Српската тенисерка Ана Ивановиќ и германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер ќе се венчаат по финалето на УЕФА на тајна локација.

Според нивни блиски извори, поканите веќе се испратени до гостите и ги замолуваат да бидат слободни помеѓу 11-ти и 13-ти јули, а финалето завршува на 10-ти јули 2016-та година.

Меѓу другото, гостите исто така биле замолени да пристигнат на аеродромот во Минхен на 11-ти јули за да бидат пренесени на тајна локација со приватен авион, а свадбата ќе се одржи на 12-ти јули.

Претходно нејзината пријателка и колешка, германската тенисерка Анжелика Кербер откри:

„Двајцата заедно со Бастијан ми се многу слатки и се радувам на нивната венчавка. За жал, не можам да кажам кога ќе биде организирана. Нека остане како слатка тајна.“

OhridNews
Извор:CrnoBelo