Познатата српска тенисерка Ана Ивановиќ повеќе не е во врска со колегата Марк Стилитано. ВЕзта за раскинувањето на познатиот пар ја потврдил и менаџерот на Ана Гевин Верси, кој нагласил дека таа нема да го коментира својот приватен живот.

Нејзиниот пријател Новак Џоковиќ ја запознал со Марк, а вљубениот пар својата врска ја обелоденил пред турнирот Австралијан Опен во јануари. Ана Ивановиќ момчето го одвела дури и во Србија, како би го запознала со своите родители. Тогаш сите мислеле дека врската ќе прерасн е во нешто сериозно, но Ана одлучила поинаку.