Холандија секако знае како да профитира од пороците, а по легализирањето на марихуаната и проституцијата од кои туризмот во оваа земја просто експлодирал, новата програма ги поттикнува хроничните алкохоличари да се бават со општокорисна работа, за која како плата ќе добиваат пиво. Хроничниот алкохоличар Фред Шипорст со години бил невработен, меѓутоа, сега секое утро излегува на улиците на Амстердам да собира ѓубре. Првото сопирање на дневниот ред, две лименки пиво во 9 часот наутро. Потоа оди првата тура работа па пауза за ручек со кој исто така добива две лименки пиво, а ако се мине без проблем до крајот на работниот ден, на враќање кон својот дом ќе добие уште две лименки како награда за продуктивниот ден на работа.
Фредм еден од првите корисници на необичниот владин проект кој има за цел да ги тргне алкохоличарите од улиците, рекол дека не горд што е алкохоличар, но бил горд затоа што повторно имал работа. Покрај пивото кое го даваат локалните пивари, секој вработен добива и половина пакет тутун за виткање, бесплатен ручек и десет евра дневно. Проектот почнал пред година дена и предивикал огромна заинтересираност кај невработените лица, но конзервативните членови на градското собрание изразиле незадоволство, тврдејќи дека проектот претставува бесмислено трошење на владини пари и продолжување на културата на пороци во главниот град на Холандија.