На возачите им се препорачува внимателно возење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Особена внимателност и прилагодена брзина се препорачува низ клисурите и планинските превои, поради можната појава на поситни одрони. Ова особено се однесува за патните правци: Катланово – Велес, Демир Капија – Удово и Гостивар – Маврово – Дебар – Струга.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.