Поголеми остатоци од снег има на планинските превои, каде се препорачува употреба на зимската опрема. Препорачуваме исклучителна внимателност при управување со возилата бидејќи поради лизгавоста има можност од пролизгување, а во утринските часови има можност од појава на голомразица.
Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини,особено кон туристичките места.
Потсетување на возачите на нивната законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.