Врнежи утрово нема, а коловозите се влажни и со остатоци од снег после расчистување како последица од вчерашните врнежи, ова особено се однесува за планинските превои и повисоките места.
Препорачуваме исклучителна внимателност при управувањето со возилата, особено на остатоците од снег на коловозите, и на појавата од голомразица поради ниските температури. Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини.
Потсетување на возачите на нивната законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, и употреба на истата доколку е потребно.