Агенцијата за млади и спорт (АМС) доцна синоќа, објави како се распределини спортските ваучери за 2021 година. Следуваа голем број на реакции од спортски клубови и од поединечните спортисти, кои не беа задоволни од добиениот ваучер и критериумот по кој се распоредуваат.

Еден од спортистите, кои јавно го кренаа гласот беше најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски, кој доби скромни 38 000 денари. Сепак, АМС ја призна грешката и во најкраток можен рок ја замени одлуката и го зголеми спортскиот ваучер на 200 000 денари.

Ивановски, пред десеттина дена на Атлетскиот митинг во Белград со државен рекорд на 1 500 метри обезбеди норма и заедно со Јован Стојоски ќе преставуваат Македонија на Европското првенство во сала во Полска.

За распределувањето на спортските ваучери на АМС реагираа и охридските клубови, кои не добија соодветен третман како останатите клубови. Ракометниот и фудбалскиот клуб се наоѓаат во долниот дел од табелата според распоредени средства, што предизвика големо незадоволство.

OhridNews

 

ФК Охрид реагира за спортските ваучери: Резултатите не се важни, чудни критериуми

РК Охрид најголем губитник во ваучер распределувањето од АМС