АМС : Национално спортско признание за Оливера Наковска Бикова
02.09.12 16:59
По големиот успех што го постигна македонската параолимпијка Оливера Наковска Бикова освојувајќи златен медал и поставувајќи светски рекорд во Игрите во Лондон, Агенцијата за спорт и млади и’ додели доживотна спортска пензија и носител на Националното спортско признание
Директорот на Агенцијата за спорт и млади. Лазар Поповски во неделата придружувајќи се на телеграмата со честитки на премиерот Никола Груевски до Оливера Николовска Бикова по повод значајнито успех постигнат на Параолимписките игри Лондон 2012, истакна дека честитката претставува „благодарност од целата македонска нација, за освоено прво место во стрелаштво на Параолимписките игри во Лондон“.
Како голем спортист кој успешно настапува на сите меѓународни натпревари, поставувајќи нов светски рекорд во дисциплината стрелање со воздушен пиштол со растојание од 10 метри во Лондон, вели Поповски, Бикова покажа како се бранат боите на македонското знаме.
„Вашиот успех, несомнено ќе претставува инспирација за сите млади и идни спортисти. По тој повод, во име на Агенцијата за млади и спорт, ве информирам дека со освојувањето на првото место во стрелаштво на Параолимписките Игри во Лондон, се стекнавте со правото на доживотна спортска пензија, односно станавте носител на Национално спортско признание“, се вели во телеграмата од првиот човек на АСМ
Одиграно второто коло од Пионерската лига Охрид 2025 во шах, во организација на ШК Ласкер Охрид и Сојуз на училишен спорт Охрид Се постигнаа следните резултати Моментална табела после второ коло Пи...
Фудбалерите на Охрид во рамки на 20-то коло од Втората македонска фудбалска лига викендов гостуваа на Башкими Натпреварот се игра утре со почеток во 14 часот на стадионот во Куманово OhridNews...
Ќе дадеме се од себе во последниот натпревар пред плеј-офот со Вардар да извојуваме победа за нашите навивачи, вели бекот на ГРК Охрид, Рудолф Шафранко OhridNews...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.