Буџетот за Охридскиот пливачки маратон годинава е зголемен 100% и оваа традиционална манифестација ќе биде поддржана со 25.000 евра. Техничкиот организатор ПК Охридски Бранови кој според директорот на АМС Диме Спасов правел тензија може да биде сменет вели  во интервју за днвениот весник “Вечер“.


Охридскиот маратон со години наназад се судрува со финансиски проблеми, што се рашаваат во последен час. Ќе се најде ли еднаш трајно решение?

– За да се елиминираат сите проблеми што се случувале во минатото, уште сега определивме средства за Охридскиот маратон и ќе бидеме најголемите финансиски помагачи на овој значаен меѓународен настан. Тензијата која се прави од страна на ПК Охридски бранови, кој неколку години по ред е технички организатор, што не мора да значи дека ќе биде и оваа година, е непотребна и нереална од следниве причини: Агенцијата за млади и спорт ако претходните години одвојуваше околу 600, 700, 800 илјади денари, сега буџетот го зголеми за 100%, односно Охридскиот маратон ќе го поддржи со еден и пол милион денари, што приближно се 25.000 евра. Исто така ова е настан што традиционално го поддржува Т-Мобиле, кое исто така дава околу 10.000 евра. Со поддршка од АМС, Т-Мобиле и претседателот на РМ Ѓорѓи Иванов, кој е покровител на манифестацијата, Пливачката федерација на Македонија нема да има никакви проблеми во организација на Охридскиот маратон. Уште еднаш би сакал да напоменам дека нема воопшто потреба да се подигнува било каква негативна тензија, напротив треба сите заедно со медиумите, со спортистите, со ПФМ да се посветиме на промоцијата на овој долгогодишен традиционален меѓународен маратон во пливање, што е гордост на Македонија и градот Охрид, бидејќи на него продефилираа многу наши и познати пливачки имиња од светот.

Комплетното интервју може да го погледате овде