Боксерот Вели Мумин и ракометарката Валентина Радуловиќ се најдобрите македонски спортисти за 2008 во изборот на Агенцијата за млади и спорт.
Најмногу признанија собра ракометот. Кире Лазоров е најдобриот спортист кој настапува надвор од Македонија, машката и женската ракометна селекција се најдобри репрезентации, Илија Темелковски е прв меѓу тренерите, додека Ракометната федерација е најуспешна во својата конкуренција.
Меѓу младите спортисти, лауреати се параглајдерот Мартин Јовановски и кошаркарката Јелена Антиќ.
Благодарение на петтото место на параолимпијадата во Пекинг Оливера Каковска – Биковска ја освои наградата најдобра во конкуренција на спортисти со телесен инвалидитет.
На свеченоста што се одржа во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, специјално признание за животно дело му беше доделено на првиот селектор на фудбалската репрезентација, Андон Дончевски.