Дури 500 млади спортисти од Македонија в година ќе добиваат месечни стипендии од по 3.000 денари, кои ги доделуваат Владата на Македонија и Агенцијата за млади и спорт.


Премиерот Никола Груевски вчера лично на речиси секој од младите спортист му врачи диплома за добиена стипендија, на свеченоста во Скопје.

Ова е втора година по ред како се доделуваат овие стипендии наменети за спортисти до 20-годишна возраст. АМС сака со овие стипендии да ги поддржи и да ги охрабри младите спортисти да постигнуваат што подобри резултати.