Изборното собрание на ФФМ, е можност пред органите на ФИФА и УЕФА фудбалските работници да ја потврдат својата подготвеност и капацитет самостојно да го водат фудбалскиот спорт во државата, се вели во соопштението на АМС

Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија го поздравува одржувањето на Изборното собрание на Фудбалската федерација на Македонија и, воедно, апелира за доследно почитување на законот, Статутот и останатите акти на Федерацијата, со цел овозможување подеднаков третман на сите кандидати за претседател на истата“, се вели во соопштенитето на АМС.

Во таа насока, Агенцијата за млади и спорт заради запазување на регуларноста на Собранието,  од 17-ти октомври го прекина издавање Решенија на фудбалски клубови и Општински фудбалски сојузи. Потсетуваме и дека сите фудбалски здруженија, согласно Законот за спортот од 2002 г. имаа можност до денес истото да го сторат.

Истовремено АМС ги повикува сите актери на претстојното Изборно собрание за членови на телата и за претседател на ФФМ на запазување на процедурата и фер избор за иден прв човек на македонската куќа на фудбалот.

ohridnews