Првиот човек на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски најави финансиска поддршка за клубовите и индивидуалните спортисти без разлика каков е нивниот статус.

Каевски на пресконференцијата истакна дека поддршката ќе биде минималниот износ на личен доход (14 500 денари) за месеците април и мај. Поддршка ќе има за школите кои ќе имаат повеќе од 40 членови со возраст над 18 години или пак 80 членови под 18 години.

Спортот во Македонија е  стопиран повеќе од две недели. Сигурно спортските аквитности ќе бидат прекинати и овој месец, а во најдобар случај спортистите на борилиштат би излеглев во второта половина од мај.

OhridNews