Жителите на Њујорк полуделе по сушени црви кои наводно успешно го решаваат проблемот на импотенција. Црвот поради својата функција го нарекле „Хималајска Вијагра“. За природниот лек за импотенција заинтересираните плаќаат и до 1000 долари. Црвот не делува како таблета за веднаш да се добие ерекција, туку е потребно да се јаде секое утро како додаток на оброците кои се јадат за појадок.


Од црвот може да се направи и чај против импотенција. Кога го откриле лекот чинел едвај 100 долари, а денес истиот ја достигнал цената на златото. Тие можат да се најдат во кинеските билни аптеки во Њујорк. Црвот во некои случаи може да биде повеќе проклетство отколку среќа доколку се појават некои несакани нуспојави.