Екипата на Милан го претрпе третиот пораз во петтиот натпревар сезонава во Серија А, откако изгуби во Торино од истоимениот состав со 2-1. На „росонерите“ на Олимпискиот стадион во Торино им пресуди Андреа Белоти кој погоди во 72-та и 74-та минута. Милан добро го започна мечот и поведе со 1-0, но на крајот остана без бодови.
- Го контролиравме натпреварот, но не успеавме да „скршиме“ противникот во целост. Можевме да постигнеме уште неколку голови, што е знак дека сме креативни и расположени за игра. Потоа следуваа некои грешки кои скапо ги плативме. Без разлика на поразот ова е најдобро издание на Милан сезонава. – изјави тренерот на Милан, Марко Џампаоло.
Викендов, фудбалерите на Милан на домашен терен против Фиорентина ќе имаат шанса да стават крај на серијата од два порази и да го тргнат притисокот од плеќите на Џампаоло. Низ италијанските медиуми полека со пишува за негов отказ и враќање на Џенаро Гатузо кој минатата го водеше Милан.
OhridNews