Едно испитување извршено во САД покажало дека повеќе од 40% од американците веруваат дека Исус ќе се врати на земјата до 2050 година. Повеќето од нив исто така веруваат дека ќе се пронајде лек за ракот и дека во медицината ќе се употребуваат вештачки органи кои ќе функционираат подобро од вистинските. Со анкетата биле опфатени 1546 возрасни лица.


Повеќето од нив, односно 58 проценти, стравуваат од нова светска војна, која би се случила во наредните 40 години, а дури 53 проценти очекуваат терористички напад врз нивната земја со нуклеарно оружје.