Група американски ентузијасти со мустаќи бараат да им биде намален данокот поради трошоците кои ги имаат за одржување на мустаќите. По тој повод, американскиот институт за мустаќи најавил дека ќе организира хуманитарен марш на први април во Вашингтон, барајќи намалување на данокот за 250 долари, колку што отприлика изнесуваат нивните трошоци за одржување на мустаќите.


Претседателот на институтот Арон Перлут изјавил дека постои долгогодишна дискриминација кон луѓето кои носат мустаќи и изразил надеж дека маршот ќе успее да го убеди претседателот Барак Обама и тој самиот да пушти мустаќи. Мустаклиите кои нема да можат да учествуваат на маршот се повикани својата поддршка да ја дадат преку интернет.