Еден американски телевизиски водител кој отпатувал на Хималаите да сними филм за Јети, изјавил дека снимил три отисоци од стапало кои се можеби доказ дека таинственото џиновско суштество живее на Хималаите.
Џош Гејтс, водител на една научнофантастична програма, изјавил дека тој и неговата екипа на 28 ноември снимиле три отисоци на стапало во одалечената област Хумбу, каде ги проверувале приказните на локалните жители кои тврделе дека го виделе Јети.
Еден од отисоците е сосема јасен: се работи за десно стапало со пет прсти, долго околу 33 сантиметри, а другите два отисоци се само делимични. Пронајдени се на карпа и во песок, прецизирал Гејтс.
Јасминка Т. Момироска