Едно истражување кое опфатило 2500 жители на Европската Унија покажало дека американците се најдарежливи кога станува збор за оставањето напојници, а најскржави во истиот поглед се германците. Многу туристи редовно оставаат напојници, или 43 проценти од англичаните, 31 процент од французите, 22 проценти од италијаните и 20 проценти од шпанците.


Најголеми напојници добиваат собарките, на кои туристите им оставаат во просек по пет евра. Следат носачите, портирите и рецепционерите кои добиваат околу две евра. Истражувањето открило и дека туристите често наградуваат некоја личност само затоа што им симпатична или затоа што убаво изгледа.