Додека целиот свет во живо ја гледаше раскошната церемонија по повод отварањето на Олимписките игри во Пекинг, американците се лути на нивната НБЦ мрежа.


НБЦ која за 900 милиони долари го откупи ексклузивното право на ТВ пренос, во тие моменти прикажувале утринска емисија, воопшто не коментирајќи што се случува на другиот крај на светот. НБЦ одлучиле свеченото отварање да го прикажат во снимка, по американски вечерен термин.


На сметка на НБЦ пристигнале илијадници негативни коментари од нивните гледачи, кои сметаат дека НБЦ се однесува како да сме во 1950 година, а не 2008, кога нашироко се користи интернет.