Американското воено воздухопловство почна со тестирање на новиот програм со кој околу 1.000 кандидати би се увежбавале за управување на беспилотни летала.


До сега околу 700 кандидати изразиле желба за учество во вежбата за управување со беспилотно летало, која ќе се спроведува во воздухопловната база во Невада.

Целта е до 2011 година да се оспособат доволно пилоти за да може непрекинато да се држат во воздух околу 50 беспилотни летала над кризните жаришта во светот.