Најголеми работодавци на светото не се приватни компании, туку американското министерство за одбрана, покажаа резултатите на истражување кое го објави швајцарската непрофитна организација Светски економски форум. Според податоците, американското министерство за одбрана запослува 3,2 милиони луѓе, а по него следува народноослободителната војска на Кина со 2,3 милиони припадници, додека на третото место е американскиот малопродажен ланец Волмарт со 2,1 милион работници, од кои 175 илјади работат за британскиот трговски ланец Асда. Американскиот Мекдоналдс е на четвртата позиција со 1,9 милиони вработени, додека на петтото место е британскиот јавен здравствен систем.

На шестото и седмото место се кинеските државни компании Чајна нешнел петролеум и државното електростопанство на Кина со околу 1,5 милион вработени. Следува „Индија реилвејс“ со 1,4 милиони вработени и индиската војска со 1,3 милиони. На самиот крај на листата се кинеската компанија Фокскон, која произведува потрошувачка електроника и запослува 1,2 милиони работници.