Кошаркарскиот клуб АВ Охрид го повлече првиот трансфер потег по неколкуте заминувањањ од екипата доведувајќи го американскиот интернационалец Девин Брукс во своите редови.


186-сантиметри високиот кошаркар треба да биде решение за плејмејкерската позиција во екипата. 25-годишниот Американец на „галебите“ му пристапува од тимот на Винди Сити Булс кој се натпреварува во Д-лигата а е под закрила од НБА.

Црномурестиот кошаркар на екипата ќе му се приклучи после минување на лекарските прегледи, а шанса за деби настап ќе има во Купот на Македонија каде АВ Охрид ќе се сретне со Фени Индустри во 1/4 финалето.

Охридскиот клуб од зимскиот преоден рок наваму го напуштија Дарко Димовски, Дмитри Некрасов, Марјан Младеновиќ и српските интернационалци Милојко Василиќ и Саша Ѓорѓевиќ.

OhridNews