Американските научници од институтот „Скрипс” создадоа еден разновиден антибиотик ванкомицин, кој е способен да се справи со супербактерии – организми кои не подлегнуваат на традиционалните методи на лекување, соопшти Лента, пренесува „Макфакс“. Истражувањето е објавено во списанието „Прсијдингс оф Нешнал академи оф сајанс”.

Специјалистите добија трета модификација на ванкомицин која ја менува пропустливоста на бактерискиот клеточен ѕид. Пред тоа беа развиени уште две модификации на антибиотикот, од кои секоја има своја стратегија за борба со бактериска инфекција.

Според научниците, тоа ќе им овозможи да се избегне развојот на отпорност на антибиотикот кај микроорганизмите. Лекот е создаден врз основа на третата модификација на ванкомицин и е повеќе од илјада пати поефикасен од претходните верзии.

При терапијата со него е потребно значително помала количина, затоа е можно да се појават помалку компликации. Специјалистите работат на технологија за синтетизирање на новиот антибиотик во индустриски количини. Во лабораториски услови за негово правење потребно е многу време и процесот поминува низ 30 меѓу процедури и хемиски реакции.

OhridNews