Гејтс утре во Охрид ќе се сретне со претсeдателот и премиерот на Македонија. Се очекува на средбата да се разговара за зачленувањето на земјава во НАТО, како и за преговорите за решавање на спорот за името со Грција и Косово.
Домаќин на самитот е македонскиот министер за одбрана, Зоран Коњановски, кој вечерва ќе ги одржи првите, од неколкуте предвидени билатерални средби со колегите од регионот. Самитот утре попладне ќе заврши со усвојување на заеднички заклучок на минситрите за одбрана.
Самитот на министри за одбрана во Охрид се одржува под силни мерки на обезбедување, а поради пристигнувањето на делегациите на сила е и посебен режим на сообраќај во градот.
Американскиот секретар за одбрана пристигна во Охрид