Американскиот амбасадор Филип Рикер, денеска престојуваше во прва официјална посета на Охрид.
Почестени што сме посетени од амбасадорот на САД. Нашиот разговор беше мошне содржаен. Разговаравме за досегашната наша соработка со американската амбасада, а стана збор и за идните наши заеднички активности, информираше по средбата со Филип Рикер, охридскиот градоначалник, Александар Петрески. „Изнендаен сум колку амбасадорот Рикер знае за Охрид и за активностите што во соработка со американската амбасада сме ги имале во нашиот град до сега“, рече Петрески.
Градоначалникот Петрески и американскиот амбасадор Рикер
Амбасадорот Рикер, обраќајќи им се на новинарите на одличен македонски јазик, се заблагодари за гостопримството, што секогаш како што рече, му го пружа Охрид. „Среќен сум што историската атмосфера не се променила од пред десет години, кога последен пат бев тука. Насекаде гледам напредок“, рече Рикер.
Г.М.