Припадници на специјалните поморски сили на САД, деновиве во Охрид вршат обука на специјалните нуркачки тимови на Армијата на Република Македонија.


Како што дознаваме, обуката се врши со најсофистицирана нуркачка опрема за воени цели вредна околу половина милион долари, која ќе и биде донирана на АРМ.


Обуката што се реализира на Охридското Езеро е дел од тактичките подготовки на мекедонските специјални сили за  извршување мисии по стандардите на НАТО.

OhridNews