Американските експерти сметаат дека опаднала борбената моќ на руските трупи во Украина, 90 отсто под нивото пред почетокот на инвазијата.
Неименуван високопоставен официјален претставник на американската армија посочува на големи загуби во техника и растечки број жртви кај руската армија, која за инвазијата ангажирала повеќе од 150 илјади војници.
За прв пат тие би можеле да бидат нешто помалку од 90 отсто. Речиси еден месец од почетокот на војната руските трупи не успеаја да заземат ниту еден поголем град, а украинските сили го запреа нивното напредување на речиси сите фронтови. Наместо тоа, Москва се сврте кон бомбардирање на градовите со артилерија и проектили, пренесуваат медиумите изјава на претставникот на Пентагон кој инсистирал на анонимност.
Руската страна ги отфрла тврдењата дека на мета се цивилни објекти и населението.
Најинтензивините напади руските сили ги насочија кон градот Мариупол, во југоисточниот дел на земјата.
Американскиот армиски претставник вели дека руски поморски сили последните 24 часа најверојатно почнале и со напади врз градот со оган од бродови лоцирани во Азовското Море
Руската страна засега не ги има ажурирано загубите во своите редови, од последниот извештај од 2 март кога соопшти за 498 загинати и 1.597 ранети војници.
OhridNews