Американски научник кој се бави со истражување на ракот пронашол начин како да ја запали солената вода, откритие кое хемичарите го сметаат  за најважно откритие на векот поврзано со водата.

Ова откритие е извонредно важно поради можноста солената вода, најраспространетата материја на нашата планета, да биде користена како гориво.

Сега научниците мораат да откријат дали енергијата која се добива со согорување на водородот ќе биде доволна за придвижување на автомобилите и други машини.

Џон Канзиус до откритието дошол случајно кога се обидувал да ја десалинира морската вода со генератор на радиска фреквенција кој тој го направил за терапија за рак. Открил дека морската вода може да гори доколку биде изложена на определена радиска фреквенција.

Ова откритие го подврдил и Ростум Рој, хемичар од универзитетот во Пенсилванија. Радио фреквенцијата ја ослабува врската меѓу елементите кои ја сочинуваат солената вода и доаѓа до ослободување на водородот. Еднаш запален водородот ќе гори се додека е изложен на фреквенцијата.
 
Научникот Рој оваа недела ќе се сретне со службениците на американските министерства за енергија и одбрана за да добие средства за натамошен развој на проектот.

Јасминка Т. Момироска