Американскиот лекар Пол Марик изјави дека открил ефективен начин за борба против инфицирањето на крвта т.н. сепса. Тој лекувал пациенти со помош на интравенска инфузија на раствор со витамин Ц. Ако тоа се потврди, според експертите, со кои зборувале новинарите од радиоо NPR во САД, откритието ќе има огромно практично значење, информира Бгнес, пренесува „Макфакс“.
Во јануари 2015 година, д-р Марик од Норфолк, Вирџинија, бил дежурен во локалната болница и притоа ми донеле многу болна 48-годишна пациентка, која била во предсмрттна состојба.
“Не работеа бубрезите, не работеа белите дробови, таа умираше”, раскажува Марик за NPR. “Во вакви случаи мора да се земат нестандардни решенија”, додава тој.
Лекарот се сетил на извештајот што го читал, а го направиле специјалисти од Универзитетот на Вирџинија при ООН, кои при третман на сепса користеле интравенска инфузија и витамин Ц.
Тој, кон оваа смеса додал и малку витамин B1 (тиамин) и кортикостероиди, така што потоа оваа мешавина ја инјектирал на жената.
Следното утро Марик открил дека пациентката не само што е жива, туку и очигледно освежена. Тој, почнал оваа смеса да ја користи при лекување на други болни со инфекција на крвта. Оттогаш, од 150 болни примени со сепса, кај него починал само еден пациент.
Извештајот за работата на Марик е објавен во списанието – официјалниот орган на здружението на специјалистите по болести на градниот кош.
OhridNews