Салата „Градски Парк“ во Скопје, каде се натпреварува Кошаркарскиот клуб Работнички не оставила позитивни впечатоци кај американските колеџ кошаркари. Колеџ екипата составена од млади кошаркари, неодамна одигра тест средба со Работнички, а дуелот ќе им остане во сеќавање поради катастрофалните услови во салата, која ја отсликува моменталната состојба во мак-кошарката.
На почетокот од видео исечекот, кошаркарите реагираат на миризбата во салата, а вистински шок следува кога ќе влезат во соблекувалните. Еден од играчите имаше блиска средба со пајак додека пак другите решија да не се соблекуваат во подтрибинскиот простор.
Сликата воопшто не е добра за најтрофејниот македонски клуб и храмот на кошарката, како што се нарекува салата „Градски Парк“ од каде пак, потекнуваат некои од најдобрите кошаркари во Македонија.
OhridNews