Два американски ловци фрлиле неактивни бомби врз Големиот корален гребен во Австралија во текот на воена вежба, место кое е вклучено на листата на Светското наследство на УНЕСКО, објавија светските агенции, пренесува „Макфакс“.
Инцидентот се случил во вторникот во текот на заедничките американско-австралиски воени вежби. Двата авиона од типот „АВ-8Б Харриер“ откако полетале од носачот на авиони „Боном Ричард“ и требало да извршат тренинг во бомбардирање на еден од полигоните на островот, меѓутоа водачите на летот го измениле местото на испуштање на бомбите поради „присуство на опасност“, пишува Ассоциатед Пресс. Така, поради тоа што слетувањето на палубата на носачот со вооружување со бомби не е според прописите за летот, пилотите муницијата ја испуштиле во водите.
Според информации од воено-поморските сили на САД, двата авиона фрлиле четири бомби во морето каде што длабочината е поголема од 50 метри, подалеку од коралите за да се сведе штетата на најмала можни мерки.
Секоја бомба е тешка 226 килограми, наведува американската телевизиска мрежа НБЦ. Две бомби веќе биле неактивни, а двете биле деактивирани пред да бидат исфрлени.
Авионите требало да ги фрлат бомбите на блискиот остров, меѓутоа вежбата во вторникот била прекината. Имале малку гориво, и не можеле вооружени да слетаат, додала американската морнарица. Американските и австралиските вооружени сили одржувале заедничка воена вежба наречена „Талисман Самбер“
Големиот корален гребен, кој се протега на повеќе од 2.600 километри долж австралискиот источен брег, е најголемата светска корална структура со богат подводен живот и се наоѓа на Листата на светското наследство на УНЕСКО: Се состои речиси три илјади гребени, кои заедно опфаќаат околу 10 отсто од сите корални гребени на светот.
Раководителот на програмата ЊЊФ за зачувување на гребените, Ник Хиф, вели дека „коралната вегетација на Големиот корален гребен е преполовен во текот во изминатите 50 години, повеќе од илјада желки коишто умираат биле пронајдени на плажите од австралиската држава Квинсленд последните години, а ретките морски видови продолжуваат да исчезнуваат во рибарските мрежи, а државните власти не можат да го ограничат индустрискиот развој, којашто се јавува како причина за она што се случува“.
извор:„Макфакс“