Постојаната претставничка на САД во ОН Линда Томас-Гринфилд изјави дека не е можно да се исфрли Русија од Советот за безбедност на ОН, но оти западните земји ќе направат сè што е во нивна моќ за да ја изолираат Москва.
Советот за безбедност е создаден како производ на создавањето на ОН по Втората светска војна. Тие (Русија) се членка на Советот за безбедност. Тоа е факт. Не можеме да го промениме тој факт, но секако можеме да ги изолираме во Советот за безбедност. Можеме да го направиме нивното присуство во тоа тело многу непријатно, изјави таа за Ем-Ес-Ен-Би-Си.
Томас-Гринфилд потврди дека Вашингтон и сојузниците работат на исклучување на Русија од Советот за човекови права на ОН.
OhridNews