После пауза од една година поради светската пандемија со Ковид 19, Владимир Четкар оваа сабота, 11 септември, ќе го одржи својот прв концерт во Америка и тоа во Кливленд, Охајо, во популарниот џез клуб „BOP STOP at the music settlement“.

На овој и наредните два концерти Владимир Четкар ќе се претстави исклучиво со својата авторска музика. На концерите ќе го придружуваат најталентираните американски џез музичари од поновата генерација во мидвест Америка.

Наредниот викенд Четкар го очекуваат уште два концерти и тоа во Детроит, Мичиген на 18-ти Септември во „Aretha’s Jazz Cafe at the Music Hall„ и на 19-ти Септември во Чикаго, Илиноис, во „Skadarliya“.

OhridNews